Воен термин - категорија

извиди повеќе

извидат
Вид збор: Глагол, свршен
Со набљудување, проверување, посматрање собере податоци за движење, опременост, бројност, обично на непријателска војска.
Англиски: reconnoitre Албански: njoh terenin
Примери:
Пратија извидница да извиди колку војска има во долината.

извидник повеќе

мн. извидници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши извидување на терен, на непријателски позиции и сл.
Англиски: reconnoiter Албански: zbulues
Примери:
Извидникот јави дека нема непријателска војска на патот.

извидница повеќе

мн. извидници
Вид збор: Именка, женски род
Единица што оди да извидува, пред главнината.
Англиски: reconnaissance
Примери:
Извидницата му јави дека теренот е чист.

извиднички повеќе

извидничка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на извидник и на извидница.
Примери:
Извиднички логор.

извидувач повеќе

мн. извидувачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши извидување на терен, на непријателски позиции и сл.
Англиски: reconnoiter
Примери:
Тројца извидувачи се движеа скришно низ шумата крај патот.

инвазија повеќе

мн. инвазии
Вид збор: Именка, женски род
Непријателски пробив во некоја земја со цел да се освои, да се окупира.
Англиски: invasion Албански: invazion, sulm
Примери:
Изврши инвазија.

инженерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Род во војската што се занимава со технички и градежни работи.
Англиски: engineers

интендант повеќе

мн. интенданти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ја снабдува војската со храна, облека и други животни потреби.
Англиски: supplier Француски: intendant
Примери:
Тој беше одреден на должноста интендант во штабот.

интендантура повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Установа што раководи со снабдувањето на војската со храна, облека, пари и со други потреби.
Примери:
Беа ограбени магацините на интендатурата.

инфилтрација повеќе

мн. инфилтрации
Вид збор: Именка, женски род
Незабележано навлегување во туѓа територија, во средината на противникот.
Англиски: infiltration Албански: infiltrim

иперит повеќе

(едн.) иперитот
Вид збор: Именка, машки род
Отровен гас што се користел како боен отров во Првата светска војна.
Англиски: mustard gas Француски: ypérite
Примери:
Иперитот е опасен боен отров.

истрел повеќе

мн. истрели
Вид збор: Именка, машки род
Испукување на муницијата од огнено оружје.
Англиски: shot Албански: krismë
Примери:
Со истрели во воздухот им даде сигнал.
а - б - в - г - д - ѓ - е - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш